Најчесто поставувани прашања

Категории

ОПШТО

Што е Форца?

ФОРЦА е називот на нашиот производ – кредит до плата во сопственост на ФД Диџитал Фајнанс Интернешнал ДООЕЛ Скопје.

Дали издавате потврда за рефинансирање и потврда за затворен кредит?

Секако, доколку Ви е потребна било која од овие две потврди, уплатете го износот од 490,00 МКД на сметка на НЛБ Банка 210-071664000102 (оваа сметка е само за уплати за потврди) со цел на дознака матичниот број на корисникот на кредитот. Уплатницата испратете ја на Viber/Whatsup/Facebook messenger или на info@digitalfinance.mk на телефонскиот број 071/430-586 со цел да ја потврдиме уплатата и да Ви издадеме потврда најдоцна за еден час по примен доказ за направената уплата. Ви благодариме!

Што е кредит до плата?

Кредит до плата е краткорoчен кредит кој Ви овозможува позајмување на парични средства за краткорочен временски период од 30 дена. Кредитот до плата ќе Ви ги обезбеди потребните парични средства за покривање на Вашите краткорочни финансиски потреби.

Зошто да изберам кредит до плата?

Речиси секогаш постојат непредвидени трошоци, ситуации кога платата е предвреме потрошена или остануваат недоволно средства до следната, тогаш вистинското решение за Вас е кредит до плата. Се штo е потребно е да не контактирате или да пополните онлајн апликацијата, без притоа да ја напуштата удобноста на Вашиот дом, канцеларија или каде и да се наоѓате во моментот на аплицирање.

Како функционира кредитот до плата?

  • Пополнување на онлајн апликација или контактирајте го тимот на ФОРЦА
  • Потврда на одлуката за одобрување и исплата на кредит
  • Потпишување на договорот за кредит онлајн
  • Исплата на средствата на Вашата трансакциска сметка
  • Исплата на кредит

Зошто Форца?

Предности кои Ви ги овозможува Форца кредитот:

  • аплицирање онлајн или телефонски
  • аплицирање само со лична карта / пасош
  • повратна телефонска информација веднаш после поднесувањето на апликацијата
  • исплата на кредитот на Вашата трансакциска сметка во најкраток период

Може ли да користам повеќе Форца кредити истовремено?

Не, може да користите само еден ФОРЦА кредит, но веќе наредниот ден после исплатата на истиот, може да аплицирате за нов кредит и зависно од тековната кампања, со тоа што добивате одредени поволности како наш редовен клиент кој навремено ги подмирува своите обврски.

Дали може да аплицирам за Форца кредит, доколку веќе сум задолжен и во друга финансиска институција?

Секое лице има право да аплицира независно од останатите финансиски задолжувања. Доколку навремено ги подмирувате Вашите обврски за отплата на кредит, кредитни картички, како и останати производи добиени од друга финансиска институција, а со тоа и не сте евидентирани со лоша класификација во Македонското Кредитно Биро, нема да претставува проблем кредитот кој го побарувате од ДФИ да Ви биде одобрен и исплатен.

Kога можам да аплицирате за следен кредит Форца?

По затворањето на Вашиот тековен кредит, потребно е ажурирање на Вашиот профил. Откако ажурирањето ќе биде завршено, веднаш можете да пристапите кон пополнување на нова апликација за кредит.

Кои се трошоците за одобрување на Форца кредит?

Трошокот за  Форца кредитот се состои од еднократна провизија за одобрување на кредитот која се плаќа при отплатата на кредитот.

УСЛОВИ

Кои се условите за аплицирање за кредит?

• Да имате минимум 18 години, максимум 75 години • Да сте државјанин на Република Македонија • Да поседувате своја трансакциска сметка • Да имате своја електронска адреса (e-mail) • Да поседувате свој мобилен телефонски број • Да имате редовни месечни примања по основ на плата / пензија. • Да сте кредитноспособни    

Кои документи се потребни за аплицирање за кредит?

За да аплицирате за Форца кредит, потребно е да приложите валидна лична карта или пасош како документ за идентификација, број на здравствена картичка и единствен даночен број (само за самовработени). • Лична карта: скенирана или фотографирана од двете страни (задолжителен документ за сите апликанти • Број на здравствена картичка (задолжително за пензионери) • Даночен број (задолжително за самовработени) Потребните документи можете да ги прикачите на Вашиот кориснички профил на нашата веб страна forza.mk или да ги испратите на нашата електронска адреса: info@digitalfinance.mk Доколку во одредени ситуации постои потреба од приложување на дополнителна документација, навремено ќе бидете информирани.

ПРОЦЕС

Што се случува откако ќе изберам „Аплицирај сега“?

По кликнувањето на копчето „Аплицирај сега“ се појавува прозорец каде што треба да ги следите чекорите и со избор на условите и внесот на Вашите лични податоци и информации, сте еден чекор пред комплетирање на Вашата апликација. Затоа Ве молиме во моментот на аплицирање нека ви бидат достапни следните податоци: Вашиот мобилен телефон, бројот на трансакциската сметка, личната карта или пасош и здраствената картичка. Внимателно проверете ја точноста на податоците при пополнување на апликацијата за ФОРЦА кредит. За дополнителни информации можете слободно да не контактирате на телефонскиoт број 02/323-6666 секој работен ден од Понеделник до Петок од 09:00 до 17:00 часот. По комплетирањето на апликацијата и нејзина обработка, ќе добиете одговор во најкус можен период.

Колку време е потребно до исплата на кредит?

Одговорот на ова прашање најмногу зависи од времето што Ви е потребно за да ја комплетирате Вашата апликација. Во просек обработката на Вашата апликација како и исплата на кредитот од страна на ДФИ се врши во најкраток рок.

Како ќе бидам информиран/а за одлуката за одобрување на кредит ?

За одлуката за одобрување и исплата на кредит ќе бидете известени преку СМС порака и на Вашата електронска адреса (email). Оваа информација ќе биде пренесена во форма на порака и на Вашиот кориснички профил на нашата веб страна.

Дали податоците од ДФИ се евидентираат во Македонско Кредитно биро (МКБ)?

Да, ДФИ како финансиско друштво редовно разменува и евидентира информации во врска со апликациите за ФОРЦА кредит со Македонско Кредитно Биро (МКБ)

Дали ДФИ извршува кредитни проверки?

Да, ДФИ како одговорна компанија врши проверки во Македонско Кредитно Биро (МКБ) и особрува и исплаќа кредити само на клиенти со уредна кредитна историја.

УСЛОВИ ЗА ИСПЛАТА И ОТПЛАТА

До кој износ и период на отплата на кредитот можам да алицирам?

ФОРЦА кредитот може да биде одобрен во износ од 3 000 ден. до максимален износ од 15.000 ден., со период на еднократна отплата од 30 дена. Износот кој се исплаќа се одредува индивидуално за секој клиент зависно од висината на приходите и кредитната историја.

Колкава е висината на трошоците за кредит?

Редовна понуда - еднократната провизија за одобрување на кредитот е 4.52% од износот на одобрениот кредит и се донесува за кредит со еднократна отплата на 30 дена. Сите трошоци за кредитот се достапни и транспарентно прикажани при процесот на аплицирање. Доколку предвидените трошоци не се прифатливи за Вас, имате опција да не продолжите со потпишување на договорот. Договорот за кредит се смета за склучен во моментот на потпишувањето. На тој начин, Вие не сте обврзани да го прифатите договорот пред да го потпишете.

Колку треба да вратам на денот на отплата на кредитот?

Согласно договорот за кредит На денот на доспевањето на кредитот, Вие имате обврска да го вратите износот на кредитот кој што сте го позајмиле, со вклучена провизија за  одобрување пресметана на износот на кредитот.

Дали е потребно да испратам документи во писмена форма?

Во најголемиот број на случаи нема потреба да ни доставите документи во писмена форма, освен во случаите кога Вашата апликација содржи нецелосни или сомнителни податоци чија веродостојност ќе треба да биде потврдена и со соодветен документ.

За колку време кредитот ќе биде исплатен на мојата трансакциска сметка?

Исплатата на кредити се врши секој час, а во зависност од часот на аплицирање периодот на исплатата може да биде од неколку минути до еден час. Брзината со која кредитот ќе биде исплатен на Вашата трансакциска сметка зависи и од банката со која што Вие соработувате.

Дали може предвреме да го отплатам кредитот?

Отплата на кредитот и вклучените трошоци може да се изврши во секое време пред истекoт на рокот за доспевање на кредитот, без наплата на дополнителни трошоци за предвремена отплата од страна на ДФИ.

Дали има опција за продолжување на рокот за отплата на кредитот?

Да, секако постои можност за продолжување на рокот на отплата на Вашиот кредит. Доколку не сте во можност да го отплатите целосниот долг, нашиот тим Ви нуди продолжување на рокот на кредитот за 30 дена. Во тој период нема да Ви се пресметуваат никакви дополнителни трошоци, едноставно ќе имате обврска да го исплатите долгот кој го имате сега по истек на тие 30 дена. За дополнителни информации контактирајте не на 02/323 6666.

Што треба да направам доколку не сум во можност навремено да го отплатам кредитот?

Доколку не сте во можност да извршите навремена отплата на Вашиот кредит, не грижете се, Forza е секогаш тука за Вас, па во овие вонредни услови ви нуди повеќе опции да го одложите или делумно отплатите кредитот. За дополнителни инструкции контактирајте го тимот за наплата на 02/3236-666.

ТЕХНИЧКИ ПРАШАЊА

Како да пристапам кон мојот личен профил на forza.mk?

Потребно е да се најавите на нашата веб страна forza.mk и да кликнете на полето “Најави се“ во горниот десен агол

Што треба да направам доколку ја заборавам лозинката?

Доколку сте ја заборавиле лозинката за најава на Вашиот кориснички профил, Ве молиме кликнете на полето “Најави се” во горниот десен агол на нашата веб страна. Потоа кликнете на линкот "Заборавена лозинка?"и следете ги чекорите.

Дали аплицирањето е безбедно?

Да, процесот на аплицирање е безбеден. Сите Ваши информации се пренесуваат користејќи ја најновата технологија за енкрипција.

Аплицирам преку iPhone/iPad, ми се појавува барање за прифаќање на cookies и не знам како да го извршам?

Кликнете на “Settings” и потоа изберете го интернет пребарувачот “Safari” на Вашиот мобилен уред. Во менито, пристапете кон полето “Privacy” и променете ја опцијата “Block Cookies” во “Never”.

Aплицирам преку мобилен телефон со Андроид оперативен систем, како да овозможам cookies?

Кликнете на апликацијата Пребарувач (explorer), потоа кликнете го долното лево копче за опции и движете се надолу во Подесувања (settings) – Приватност и Безбедност (privacy and security) – Прифати (accept) cookies.

Не го гледате вашето прашање овде? Контактирајте не
  • Позајми до 15.000 ден
  • Рок на отплата 30 ден
  • Позајми до 30 000 ден
  • Рок на отплата 3 месеци
  • Месечна отплата
ден
ден
ден
дена
дена
дена

Ви треба помош?

Нашите оператори го очекуваат Вашиот повик секој работен ден од Понеделник до Петок од 09:00 – 17:00 часот.

02/ 323 6666

Понеделник - Петок 09;00 - 17:00

Главно мени

Call back