ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

ОСНОВА

1. Што е Форца?

Форца е трговски бренд на ФД Диџитал Фајнанс Интернешнал и се користи како назив за кредит до плата.

2. Што е кредит до плата?

Со кредитот до плата Ви се овозможува позајмување на парични средства за краткорочен временски период. Кредитот до плата ќе Ви ги овозможи потребните парични средства за покривање на Вашите трошоци веднаш. Овие кредити се дизајнирани со цел да ги задоволат Вашите краткорочни финансиски потреби и не се наменети за решавање на долгорочни финансиски проблеми.

3. Зошто да изберам кредит до плата?

Аплицирањето за кредит до плата Ви заштедува време. Преку ДФИ ќе бидете поврзани со најдобриот кредит до плата за само неколку минути. Кредитот до плата е достапен со минимална документација и без потреба од напуштање на комфортот на Вашиот дом, канцеларија и сл. Исто така не е потребен никаков залог или гаранција.

4. Како функционира кредитот до плата?

  • Пополнување на онлајн апликација
  • Потврда на одлуката за одобрување и исплата на кредит
  • Потпишување на договорот за кредит онлајн
  • Добивање на средствата на Вашата трансакциска сметка
  • Отплата на кредит

5. Зошто Форца?

Предности кои Ви ги овозможува Форца:

  • аплицирање онлајн
  • aплицирање само со лична карта
  • повратна телефонска информација веднаш после испраќањето на апликацијата
  • пренесување на средствата на Вашата трансакциска сметка во најкраток период по електронското потпишување на договорот

6. Може ли да располагате со повеќе Форца кредити во исто време?

ДФИ како компанија, применува одговорно кредитирање и со таа цел ние сакаме да се осигураме дека Вие правилно ја проценувате Вашата кредитна способност. Како резултат на тоа, дозволено е користење на само еден Форца кредит во одреден временски период.

7. Дали можете да аплицирате за Форца кредит, доколку веќе сте задолжени во друга финансиска институција?

Секое лице има право да пристапи кон апликацијата независно од други финансиски задолжувања. Доколку редовно ги подмирувате Вашите обврски за отплата на кредит добиен од друга финансиска институција и не сте регистрирани со лоша класификација во Македонското Кредитно Биро, нема да претставува проблем кредитот кој го побарувате од ДФИ да Ви биде одобрен и исплатен. Во ДФИ строго се следат правилата за проценка на ризик и финансиска состојба и на тој начин имаме целосно право за одбивање на апликација за кредит.

8. Kога можете да аплицирате за следен кредит Форца?

По затворањето на Вашиот тековен кредит, потребно е ажурирање на Вашиот профил. Откако ажурирањето ќе биде завршено, веднаш можете да пристапите кон пополнување на нова апликација за кредит. Ние нудиме само краткорочни кредити и со таа цел, Форца кредитот не е наменет за решавање на Вашите долгорочни финансиски проблеми. Како одговорни кредитори, ние не Ве поттикнуваме да ги користите нашите услуги постојано. Исто така навременото плаќање на Вашите обврски не значи дека ќе Ви понудиме поголем износ за кредитирање.

9. Доколку апликацијата за кредит Ви е одбиена, дали е можно да поднесете нова апликација и во кој временски период?

По одбивање на Вашата апликација можете да пристапите кон пополнување на нова апликација по истекот на 30 дена.

10. Дали е потребен залог или гаранција за добивање на кредит?

За добивање на Форца кредит не Ви е потребен ниту залог, ниту гаранција. Вие го добивате кредитот со приложување на лична карта во електронска форма (скенирана или фотографирана) и број на здравствена картичка кој е задолжителен за пензионери и самовработени.

11. Кои се трошоците за аплицирање и одобрување на Форца кредит?

За Форца кредитот се наплаќа еднократна провизија и камата согласно договорот за кредит.

12. Јас сум Ваш редовен корисник и редовно ги исплаќам кредитите во изминатите месеци, зошто мојата апликација сега е одбиена?

Ние не гарантираме одобрување на кредит базирано на Вашата претходна кредитна историја во нашата компанија. Ние анализираме широк опсег на податоци и донесуваме одлука за издавање на кредит базирана на неколку фактори. Дури и да имате извонредна кредитна историја со нашата компанија, можно е кредитот да не Ви биде одобрен. Вашата апликација веројатно е одбиена затоа што Вашата севкупна кредитна историја е променета во периодот од oтплатата на последниот одобрен кредит, до поднесувањето на нова апликација за кредит. Промената на состојбата во Кредитно Биро се врши еднаш месечно. Доколку Вие сте сигурни дека Вашата кредитна состојба во моментот е во ред, најдобро е да пристапите кон аплицирање во текот на следниот месец.

13. Зошто Ви е одбиено барањето за кредит?

Ние донесуваме одлука за одобрување на кредит врз основа на Вашата способност за отплата на истиот тој кредит. Доколку процениме дека износот на кредитот не е во согласност со Вашите можности за навремена oтплата и во рамките на дозволените одложувања, најверојатно барањето за кредит ќе Ви биде одбиено. Брзите кредити не се долгорочно решениe за Вашите финансиски проблеми.

УСЛОВИ

14. Кои се условите за аплицирање за кредит?

  • Да имате минимум 18 години, максимум 70 години
  • Да сте државјанин на Република Македонија
  • Да поседувате своја трансакциска сметка
  • Да имате своја електронска адреса (e-mail)
  • Да поседувате свој мобилен телефонски број
  • Да имате редовни месечни примања
  • Да имате кредитна способност

15. Кои документи се потребни за испраќање на барање за кредит?

Со цел добивање на Форца кредитот, Вие сте обврзани да приложите лична карта како документ за идентификација (скенирана или фотографирана), број на здравствена картичка и единствен даночен број.

  • Лична карта: скенирана или фотографирана од двете страни (задолжителен документ за сите апликанти: вработени, самовработени, пензионери)
  • Број на здравствена картичка (задолжително за пензионери)
  • Даночен број (задолжително за самовработени)

Потребните документи може да ги прикачите на Вашиот профил на нашата веб страна forza.mk или да ги испратите на нашата емаил адреса: info@digitalfinance.mk. Во одредени ситуации постои потреба од приложување на дополнителна документација. За таа цел ќе бидете информирани со посебно известување.

ПРОЦЕС

16. Како до кредит до плата?

Првиот чекор за кредит до плата вклучува пополнување на онлајн апликација. Апликацијата содржи прашања кои се поврзани со Вашите лични информации, информации за примања, вработување, како и Вашата трансакциска сметка. По поднесувањето на апликацијата ќе бидете информирани за одлуката за одобрување и издавање на кредитот.

17. Што се случува по кликнувањето на копчето „Аплицирај“?

По кликнувањето на копчето „Аплицирај“ се појавува прозорец каде што се наведени прашања за Вашите лични информации. Бидете сигурни дека Вашиот мобилен телефон, бројот на трансакциската сметка, личната карта и здраствената картичка Ви се при рака, бидејќи токму овие информации ќе бидат дел од апликацијата. Внимателно пополнете ги сите потребни информации и документации поврзани со апликацијата за кредит. За дополнителни информации и за секое недоразбирање во врска со апликацијата, не се двоумете да не контактирате на телефонскиoт број 02/323-66-66. По комплетирањето на апликацијата и нејзино испраќање, одлуката за издавање на кредит ќе ја добиете во најкус можен период. ДФИ нуди краткорочни кредити. Овие кредити не се дизајнирани како долгорочен извор на кредит и доколку Вашите финансиски потреби се долгорочни, Форца не е кредитот кој Вас најмногу Ви одговара. Пред пристапување кон апликацијата, внимателно размислете дали кредитот соодветстува со Вашите можности за отплата на истиот.

18. Колку време е потребно до исплата на кредит?

Одговорот на ова прашање зависи од времетрањето на Вашиот процес на аплицирање како и Вашиот личен профил. Во просек потребно е многу кратко време за исплата на кредитот од страна на ДФИ.

19. Како ќе бидам информиран/а за одлуката за издавање на кредит ?

Одлуката за одобрување и издавање на кредит ќе ја добиете преку СМС порака и на Вашата емаил адреса. Оваа информација ќе биде пренесена во форма на порака и на Вашиот кориснички профил на нашата веб страна.

20. Дали податоците од ДФИ се евидентираат во Кредитно биро?

Да, за секоја апликација за Форца кредит ние поднесуваме барање за преземање на податоци од Македонско Кредитно Биро, со цел верификација на Вашиот идентитет и проценка на можноста за отплата на кредитот. За секоја проверка која ја реализираме, оставаме податоци т.н траги од апликација. Поднесувањето на многубројни барања за кредит во краток временски период ќе остави многубројни траги и може да доведе до впечаток кај издавачите на кредит дека Вие се соочувате со финансиски потешкотии.

21. Дали ДФИ извршува кредитни проверки?

Да, ДФИ како одговорна компанија врши проверки на кредитобарателите и само доколку Вашиот кредитен профил има добра кредитна историја, кредитот ќе Ви биде одобрен и исплатен. Одлуката за издавање на кредит зависи од многу фактори како Вашата возраст, но и Вашата кредитна историја. Проверките се извршуваат во Македонско Кредитно Биро.

ИСПЛАТА/ПЛАЌАЊА/ДОЦНЕЊА

22. За какви суми и рок на отплата на кредитот може да се аплицира?

Сумите на кредити кои моментално се достапни за исплата се од 3,000 до 12,000 денари, со можност за еднократна исплата од 7 до 30 дена. Износот кој се исплаќа се одредува индивидуално за секој клиент зависно од висината на примањата, кредитната историја и минатото користење на кредити до плата.

23. Колкав е износот на трошоците за кредит?

  • 29% провизија за аплицирање, обработка, одобрување и администрирање
  • 10% фиксна годишна каматна стапка

    За дополнителни информации околу трошоците на кредитот, Ве молиме посетете ја нашата веб страна forza.mk

    Трошоците за кредитот исто така зависат од Вашите информации доставени во апликацијата, како и политиката на ДФИ за издавање на кредит. Сите трошоци за кредитот ќе Ви бидат достапни и видливи за време на процесот на аплицирање. Доколку изразените трошоци не се прифатливи за Вас, имате опција да не продолжите со потпишување на договорот. Договорот за кредит се смета за склучен во моментот кога се потпишува. На тој начин, Вие не сте обврзани да го прифатите договорот пред да го потпишете.

24. Кои рокови се достапни за отплата на кредитот?

Кредитот нуди можност за еднократна исплата од 7 до 30 дена. Вашиот кредит до плата има фиксиран краен рок и Вие сте должни да го отплатите целиот износ на кредитот со вклучени трошоци за истиот, токму на тој датум. Распоредот за отплата е наведен во договорот за кредит.

25. Колку ќе должам на крајниот рок за отплата на кредитот?

На денот на доспевањето на кредитот, Вие сте должни да го вратите износот на кредитот кој што сте го позајмиле, со вклучена провизија за аплицирање, обработка, одобрување и администрирање од 29%, пресметана на износот на кредитот и каматна стапка од 10% на годишно ниво исто така пресметана на износот на кредитот.

26. Дали е потребно да испратам документи во писмена форма?

Во најголемиот број на случаи нема потреба од испраќање на документи во писмена форма. Сепак, постои можност да побараме да испратите документи во писмена форма доколку информациите од Вашата онлајн апликација се сомнителни или некомплетни.

27. За колку време кредитот ќе биде исплатен на мојата трансакциска сметка?

Ние ги вршиме плаќањата директно, користејќи брзи начини за исплата. Во вечерните часови и за време на викенди, исплатата може да одземе подолго време и затоа би сакале да Ви се заблагодариме за Вашето трпение. Брзината со која парите ќе бидат префрлени на Вашата трансакциска сметка зависи од банката со која што Вие соработувате. Во пракса се случува многу брзо.

28. Дали е можна предвремена отплата на кредитот?

Отплата на кредитот и вклучените трошоци може да се изврши во секое време пред истекoт на рокот за доспевање на кредитот, без наплата на дополнителни трошоци за предвремена отплата од страна на ДФИ.

29. Дали е дозволено продолжување на рокот за отплата на кредитот?

Продолжување на рокот Ви е дозволено, доколку веќе не сте го достигнале поставениот лимит за продолжување на рокот. Рокот за отплата на кредитот e овозможено да се продолжува на повеќе периоди се до 360 дена од денот на исплата на кредитот. За реализација на оваа опција логирајте се на корисничкиот профил на forza.mk или контактирајте го одделот за поддршка на корисници на телефонскиот број: 02/323-66-66. Во секој случај задолжително е плаќањето на провизија за продолжување на рокот за отплата, која изнесува 29% од износот на кредитот.

30. Како да реагирате доколку не сте во можност да извршите навремена отплата на кредитот?

Доколку не сте во можност да извршите навремена отплата на кредитот, Ве молиме контактирајте нѐ на нашиот телефонски број или изберете ја опцијата за продолжување на рокот за отплата, достапна на Вашиот кориснички профил. Потоа, извршете ја уплатата на провизијата за продолжување на рокот за отплата. Продолжувањето ќе биде потврдено веднаш по идентификувањето на уплатата.

ТЕХНИЧКИ ПРАШАЊА

31. Како да пристапам кон мојот личен профил на forza.mk?

Ако сте веќе постоечки клиент и имате регистиран кориснички профил на нашата веб страна, кликнете го копчето “Најави се” во горниот десен агол на почетната страна. По кликањето потребно е само внесување на емаил адреса и лозинка. Доколку сте нов клиент, на главната страна селектирајте го посакуваниот износ на кредит, како и рокот за отплата на истиот и кликнете го копчето “Аплицирај”. Кликањето ќе Ве однесе до страната за регистрација на личниот профил, каде што треба да пополните дадени полиња за регистрација и креирање на профил.

32. Како да реагирам доколку ја заборавам лозинката за влез на профилот?

Доколку сте ја заборавиле лозинката за влез во профилот, Ве молиме кликнете го копчето “Најави се” во горниот десен агол на нашата веб страна. Потоа кликнете на линкот "Заборавена лозинка?"и следете ги чекорите.

33. Дали аплицирањето е безбедно?

Да, процесот на аплицирање е безбеден. Сите Ваши информации се пренесуваат користејќи ја најновата технологија за енкрипција.

34. Аплицирам преку iPhone/iPad, ми се појавува барање за прифаќање на cookies и не знам како да го извршам?

Кликнете на “Settings” и потоа изберете го интернет пребарувачот “Safari” на Вашиот мобилен уред. Во менито, пристапете кон полето “Privacy” и сменете ја опцијата “Block Cookies” во “Never”.

35. Aплицирам преку мобилен телефон со Андроид оперативен систем, како да овозможам cookies?

Кликнете на апликацијата Пребарувач (explorer), потоа кликнете го долното лево копче за опции и движете се надолу во Подесувања (settings) – Приватност и Безбедност (privacy and security) – Прифати (accept) cookies.

Трговскиот бренд ”Forza” е во сопственост на ФД Диџитал Фајнанс Интернешнал ДООЕЛ Скопје. Работењето на компанијата ФД Диџитал Фајнанс Интернешнал ДООЕЛ Скопје е регулирано согласно „Законот за Финансиските Друштва“ и е одобрено од страна на Министерството за Финансии со решение бр.13-15864/4.
Погледнете ја Политиката за приватност на нашиот веб сајт со клик на следниот линк